Ливерпул на домашен
терен го пречекува Свонси, а тимот на Јирген Клоп нема право на грешка против
последно пласираната екипа на табелата во најсилниот англиски фудбалски
шампионат.
Во ситуација кога
Тотенхем изби на четвртото место со два бода предност пред Ливерпул, тимот на
Клоп со евентуална победа ќе се врати на таа позиција, а Свонси сигурно нема да
се предаде од причина што го чека голема битка за опстанок до крајот на
шампионатот каде моментално со 13 бода е закован на дното од табелата.
И двете екипи ќе
настапат со офанзивна поставеност во играта, Ливерпул во нападот ќе игра со
ударното трио Фирмино – Салах – Кутињо, додека пак гостите во нападот ги имаат Мекбурн, Аје и Ројтлиџ.
