Ливерпул со 2-1
го доби дербито пред своја публика против Тотнем, иако гостите беа тие кои први
дојдоа до водство на пресметката на „Енфилд“.
Кејн уште во
првата минута донесе водство за Тотнем од 0-1, водство кое гостите го задржаа
до крајот на првиот дел.
Во второто
полувреме, најпрво Хендерсон израмни на 1-1 во 52. минута, за веќе во 75. минута
Салах од пенал да донесе пресврт, а воедно и победа за Ливерпул.
219729502208?ref_src=twsrc%5Etfw”>
Во останатите два
меча кои се одиграа во ист термин, Арсенал и Кристал Палас ремизираа со
резултат 2-2 во градското дерби, а Манчестер јунајтед оствари сигурна победа на
гостувањето кај Норич со 1-3.
Ливерпул со 28
бода е лидер на табелата, по него следи Манчестер Сити со 22, односно Лестер и
Челси со по 20 бода.