181
Манчестер Сити не само што не успеа да ја анулира високата негатива од првиот меч туку уште еднаш загуби од Ливерпул, овој пат со 2-1.
Сити почна одлично, даде гол уште во втората минута преку Габриел Жесус и најави добар натпревар.
Можеби се ќе беше поинаку ако судиите не им поништија гол на домаќините во финишот од првиот дел. Сане даде гол, беше досуден офсајд кој го немаше.
Во 56. минута Салах го изедначи резултатот на 1-1, а Фирмино во 77. минута погоди за комплетен пресврт и победа на Ливерпул од 2-1.
Манчестер Сити и Барселона беа фаворити пред почетокот на четвртфиналните дуели, но двата тима ќе ги нема во полуфиналето.