Ливерпул и ПСЖ одиграа одличен дерби меч во Лигата на шампионите, беа постигнати пет гола, а на крајот англискиот тим заслужено се радуваше на трите бода.
Тимот на Клоп тргна офанзивно уште од самиот старт, а ПСЖ преку контри се обидуваше да дојде до предност.
Резултатот беше отворен во 30. минута кога Даниел Стариџ со глава погоди за водство на Ливерпул од 1-0. Шест минути подоцна Милнер од пенал реализираше за предност и од 2-0.
На пет минути пред крајот на првото полувреме Меуние постигна гол и го врати ПСЖ во игра.
Ливерпул напаѓаше и во второто полувреме, но ПСЖ речиси без шанса дојде до израмнување, Мбапе погоди во 83. минута за 2-2.
Но правдата беше задоволена во судиското продолжение, Ливерпул повеќе атакуваше на победата и таа дојде во 92. минута кога Фирмино реализираше за триумф од 3-2.
Црвена звезда во пеколна атмосфера на „Маракана“ успеа да го сопре нападот на Наполи и да се избори за реми без голови.
Атлетико Мадрид со пресврт дојде до триумф на гостувањето кај Порто со 2-1. Гостински триумф обезбеди и Борусија Дортмунд кој го совлада Бриж со 1-0. Шалке и Порто одиграа без победник 1-1, Галатасарај беше убедлив против Локомотив Москва славеше со 3-0.
Претходно Барселона со 4-0 го победи ПСВ, а Интер со пресврт во финишот славеше со 2-1 над Тотнем.