Ливерпул со гол од пенал во 94. минута го победи Лестер и ја продолжи неверојатната серија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лестер беше на чекор да си замине непоразен од Енфилд, но Ливерпул освои нови три бода со гол во последната минута.

Резултатот беше отворен на пет минути до крајот на првото полувреме кога Мане погоди по еден контра напад. На десет минути пред крајот Медисон го изедначи резултатот на 1-1.

Течеа последните минути од судиското продолжение, Мане беше соборен во шеснаесетникот, а по консултација со ВАР беше покажан пенал за Ливерпул. Милнер го реализираше за нова голема победа на црвените.

Астон Вила со 5-1 славеше на гостувањето кај Норич, Барнли со 1-0 го совлада Евертон, мечот меѓу Ватфорд и Шефилд јунајтед заврши без голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×