Ливерпул со 40 милиони евра од Бундеслигата носи замена за Александер Арнолд

by bojan
1 минути читање

Голем број на извори пренесуваат дека Ливерпул е во напредни преговори за ангажман на Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен во зделка вредна околу 35-40 милиони евра.

Џереми Фримпонг е пред трансфер во Ливерпул, фудбалерот од Холандија треба да биде замена аз Трент Александер Арнолд, кој нема да стави потпис на нов договор и се очекува да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

Голем број на извори пренесуваат дека преговорите се во напредна фаза и десниот бек изразил желба да се пресели на Енфилд.

Во неговиот договор има откупна клаузула вредна 35-40 милиони евра, и Ливерпул сега преговара со Баер Леверкузен под кои услови ќе се исплати ова сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×