Ливерпул со 100 милиони фунти купува двајца фудбалери на Вулверхемптон?!

by bojan
1 минути читање
Нето

„Црвените“ оствариле контакт со Вулверхемптон и опипале терен за ангажман на Педро Нето и Рајан Аит Нури, ангажман на двоецот ќе чини околу 100 милиони фунти.

Ливерпул е прилично тивок на трансфер пазарот, но се шпекулира дека „црвените“ напорно работат зад сцената и се водат преговори за неколку играчи.

Последните шпекулации велат дека клубот од Енфилд стапил во контакт со Вулверхемптон и опипал терен за ангажман на Педро Нето и Рајан Аит Нури.

Педро Нето, за кого интерес пројавуваат и Арсенал, Њукасл и Тотнем, има цена од околу 60 милиони фунти.

Што се однесува до Рајан Аит Нури, се говои дека левиот бек има откупна клаузула од 38 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани