Ливерпул стигна
до третата победа во низа во новата сезона од Премиерлигата откако денеска на
домашен терен го совлада Арсенал, во дербито на третото коло со 3-1, а на
полувремето домаќинот имаше минимално водство од 1-0.
Матип го скрши
отпорот на гостите во 41. минута откако погоди со глава по една нафрлена топка
од корнер, а со тој резултат се замина на паузата.
Во второто
полувреме по само четири минути игра Луиз направи прекршок врз Салах во
казнениот простор, а Египјанецот беше сигурен изведувач од белата точка за
дуплирање на водството на домаќините.
Десет минути
подоцна првата ѕвезда на Ливерпул го постигна и вториот гол на пресметката со
што Ливерпул дојде до водство и од 3-0, а Арсенал со голот на Тореира во 85.
минута само го ублажи поразот на 3-1.
Z