208
Ливерпул конечно се врати на победнички пат со убедлив триумф од 1-5 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт во третото коло од Лигата на шампионите, но радоста ја расипа повредата на Џереми Фримпонг.
Холандскиот бек го напушти теренот во 19. минута поради повреда и ќе паузира неколку недели.
Менаџерот Арне Слот по натпреварот потврди дека станува збор за посериозен проблем и дека Холанѓанецот нема наскоро да се врати на терените, што е удар за „црвените“.
Ливерпул со оваа победа ја прекина серијата од четири порази во сите натпреварувања, а натпреварот во Франкфурт го одбележи и блесокот на Флоријан Вирц, кој конечно одигра според очекувањата и запиша две асистенции.