Ливерпул се уште не го официјализирал Вирц, а се најавува дека по втор пат ќе го сруши трансфер рекордот

by bojan
1 минути читање

Ливерпул ова лето може и по втор пат да го сруши трансфер рекордот на „островото“ и да инвестираат околу 150 милиони фунти во ангажман на Александер Исак од Њукасл.

„Црвените“ во скоро време треба да го официјализира ангажманот на Флоријан Вирц во зделка вредна околу 100 милиони фунти, плус додатни 16 милиони фунто во бонуси, што ќе биде најскапиот трансфер во Британија.

Но неколку извори пренесуваат дека Ливерпул е подготвен ова лето и по втор пат да го сруши трансфер рекордот.

Клубот од Енфилд не се откажува од идејата за ангажман на Александер Исак од Њукасл, и ќе направи напор да го донесе напаѓачот.

Се шпекулира дека ќе бидат потребни околу 150 милиони фунти за клубот од Сент Џејмс Парк да даде зелено светло за продажба.

Останува да се види дали Ливерпул ќе може да реализира една ваква зделка, и Арне Слот да креира офанзива која ќе биде страв и трепет за ривалите.

ФОТО: X/Newcastle United

Можно е и ова да ти се допаѓа

×