1,1K
По седум години поминати на Енфилд, Вирџил ван Дајк се чини дека ќе го напушти Ливерпул.
Неговиот актуелен договор истекува по крајот на оваа сезона, а двете страни досега немаат постигнато согласност за продолжување на соработката.
Многу голема е веројатноста Ливерпул да го напуштат три ѕвезди, Александер Арнолд, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк.
Информациите од Англија велат дека Ливерпул веќе пронашол замена за Ван Дајк, изборот паднал на еквадорскиот фудбалер кој игра за Баер Леверкузен, Пјеро Хинкапи кој оваа сезона запиша 37 настапи во сите натпреварувања, даде три гола и имаше две асистенции.