567
22 годишниот
фудбалер од Гвинеа беше една од топ трансфер целите на Јирген Клоп ова лето, но
РБ Лајпциг не сакаше да слушне за продажба на Наби Киета.
Тие веќе одбија
една понуда вредна 75 милиони евра, а Ливерпул потоа достави нов побогат
предлог вреден над 80 милиони евра.
Но ниту оваа сума
не го предомисли бундеслигашот, па „Црвените“ решиле да се откажат од намерата
да го ангажираат Наби Кеита ова лето.
Сепак, клубот од
Енфилд веќе крои планови како да го купи играчот догодина и тоа за многу помала
сума
Се верува дека во
договорот на Наби Кеита има откупна клаузула вредна 55 милиони евра која
стапува на сила во 2018, и тогаш РБ Лајпциг нема да може да стори ништо кога
Ливерпул ќе ја плати оваа сума.