Ливерпул се обидува да стигне до потписот на Азар со побогата понуда?!

by
1 минути читање

Фудбалерот на
Челси не е единствениот од семејството Азар кој летоска би можел да ја промени
средината, и неговиот помал брат Торган сака нова авантура.

Од таборот на Борусија
Менхенгладбах синоќа открија дека му понудиле нов договор, но Торган Азар донел
одлука да не го прифати предлогот и изразил желба да биде продаден.

Синоќа исто така се
појавија информаци дека Борусија Дортмунд е на добар пат да стигне до потписот
на офанзивниот фудбалер и да договори трансфер од околу 42 милиони евра.

Од Белгија денеска
пристигнуваат извештаи дека и Ливерпул го сака Торган Азар и „црвените“ се
подготвени да платат повеќе. И покрај тоа што Менхенгладбах сака да го продаде
играчот за што е можно поголема сума и преферира тој да заврши на „Енфилд“, репрезентативецот
на „црвените ѓаволи“ речиси сигурно ќе остане во Бундеслигата.

Торган Азар
верува дека проектот на Дортмунд е подобар и дека на „Сигнал Идуна Парк“ ќе има
повеќе шанси. Тој смета дека ситуацијата во Ливерпул ќе му биде многу покомпликувана
и затоа цели кон останување во Бундеслигата, каде се чувствува како дома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×