Ле10Спорт пишува
дека Ливерпул пријавил интерес за бразилскиот офанзивец од редовите на
Барселона, Малком, кој не е во преден план кај тренерот на Каталонците, Ернесто
Валверде.
Горе наведениот
медиум издвојува дека тимот од Енфилд нема дилеми во квалитетите кои ги
поседува Бразилецот кој стартуваше само на еден меч во Примера од неговиот
трансфер вреден 41 милион евра од Бордо во претходниот летен преоден рок.
Поранешниот
фудбалер на Коринтијанс беше стрелец на израмнувачкиот гол за Каталонците во
пресметката со лутиот ривал Реал Мадрид во Копа Дел Реј (1-1), но, се уште не
го пронајде своето место во почетните 11 на Валверде, а добива прилика само во
лимитирани ситуации.
21 годишниот
Малком се поврзуваше и со трансфер на Далечниот Исток, поточно во Кина, но,
Барселона се одлучи да го задржи во своите редови, сепак, дали Каталонците ќе
се предомислат по една солидна понуда на Премиерлигашот, останува да видиме во
периодот кој претстои.