Ливерпул преку Вулвс до четвртфиналето во ФА Купот!

by riste
0 минути читање

Ливерпул со 3-1 го победи Вулвс на негов терен и се пласираше меѓу осумте најдобри во ФА Купот.

Сите четири погодоци на натпреварот беа постигнати во второто полувреме.

Серијата ја започна Робертсон со гол во 51. минута, две минути подоцна погоди и Салах за 2-0.

Третиот гол за Ливерпул беше дело на Џонс во 74. минута.

Вулвс даде гол во 91. минута преку Хванг Хи Чан, но немаше време за враќање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×