Ливерпул не планира да достави нова понуда за Марк Геи во јануари, ќе чека да го ангажира беспари по крајот на сезоната.
Во последниот ден од летниот преоден рок, Ливерпул го договори трансферот на Марк Геи, фудбалерот ги помина редовните лекарски прегледи, но зделката не се реализираше откако Кристал Палас не успеа да донесе соодветна замена и стави кочница.
Изминативе денови се говореше дека „црвените“ ќе достават нова понуда во јануари, но последните информации велат дека клубот од „Енфилд“ повеќе не сака да троши пари за ангажман на Англичанецот.
Ливерпул ќе го чека Марк Геи беспари по крајот на сезоната, и веруваат дека дефанзивецот ќе ги одбере токму нив бидејќи веќе еднаш го убедиле со проектот кој му го презентирале.