Натпреварот меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед во рамките на 20. коло на Премиер лигата ќе се одигра според планот.
Постоеше ризик од одложување според најавите од Англија утрово. Ливерпул беше затрупан од снег, а тоа ги натера надлежните органи да размислат дали има услови за организација на натпревар од овој калибар. Сепак, вестите за навивачите беа позитивни и донесена е одлука.
„Денешната средба против Манчестер Јунајтед ќе се одигра според планот. Претходно беа одржани два безбедносни состаноци за да се проценат временските услови и условите за патување. Благодарност до сите кои ни помогнаа денес да можеме да го одржиме мечот. Ако патувате на „Енфилд“, бидете внимателни. Се радуваме што ќе ве видиме таму“, напишаа од клубот.
Претходно во декември беше одложено Мерсисајд дербито меѓу Евертон и Ливерпул поради обилните дождови. Сега за среќа нема да има одложување и дербито против „ѓаволите“ ќе се одигра според плановите во 17:30 часот.