Ливерпул подготвува нова трансфер бомба, ќе платат и повеќе отколку што платија за Вирц!

by riste
1 минути читање

Ливерпул ова лето постави рекорд во Премиер лигата откако за 125 милиони евра го ангажираше Флоријан Вирц, но црвените се подготвени да ја урнат и таа бројка за да го добијат играчот кој го посакуваат.

Се работи за Александар Исак од Њукасл. Шведскиот напаѓач е долгогодишна желба за англискиот шампион, но до неговиот потпис тешко се доаѓа.

Според англиските медиуми, Ливерпул е подготвен да плати 150-160 милиони евра за да го купи Исак.

Имаат и план како да дојдат до оваа сума, со продажба на тројца фудбалери, Ибрахим Конате, Харви Елиот и Луиз Диаз.

Конате е блиску до Реал Мадрид за сума од 46 милиони евра, Елиот е мета на неколку клубови, неговата цена е 57 милиони евра, а за Диаз црвените бараат 60 милиони евра.

Треба да се случи и продажба на Дарвин Нуњез, па Ливерпул има како да собере пари за нов мега трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×