Ливерпул остана без Гуехи, но веќе има нова желба – еден од најдобрите стопери во Европа!

by Стефан
1 минути читање

Ливерпул ја загуби трката со Манчестер сити за потписот на Марк Гуехи, но на „Енфилд“ веќе го насочија вниманието кон ново, име во одбраната. Како што пренесуваат островските медиуми, англискиот гигант има нова трансфер цел и тоа еден од најценетите дефанзивци во светскиот фудбал.

Според реномираниот новинар Дејвид Орнштајн, Ливерпул сериозно го следи Алесандро Бастони од Интер. Италијанскиот репрезентативец со години е столб на одбраната на „нероаѕурите“ и важи за еден од најдобрите играчи на својата позиција во Европа.

Сепак, Интер нема лесно да се откаже од својот дефанзивен лидер. Бастони има договор до 2028 година, што значи дека евентуален трансфер би бил можен само за навистина висока сума. Британските медиуми веќе шпекулираат дека Ливерпул би можел да тргне со почетна понуда од околу 80 милиони евра, но останува да се види дали тоа ќе биде доволно за да ги убеди Италијанците.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×