Новинарот Флоријан Плетенберг вели дека Ливерпул нема намера да го трампа Рајан Гравенберх со Орелијан Чуамени од Реал Мадрид, ниту пак Холанѓанецот сака да го напушти Енфилд.
На почетокот од овој месец се појавија гласини кои велеа дека Ливерпул и Реал Мадрид преговараат за трампа во која ќе бидат инволвирани Рајан Гравенберх и Орелијан Чуамени.
Сепак, новинарот Флоријан Плетенберг вели дека нема вистина во овие гласини.
„Извори од клубот ми пренесоа дека Ливерпул нема намера да прави трампа со Реал Мадрид во која ќе бидат вклучени Рајан Гравенберх и Орелијан Чуамени“ – напиша на социјалните мрежи новинарот на Скај Германија.
„Исто така, Рајан Гравенберх во овој момент не размислува за заминување од Енфилд. Во моментов нема никакви планови или дискусии за трансфер, било да е тоа во зимскиот преоден рок или пак во летниот преоден рок“.
Под водство на Арне Слот, Рајан Гравенберх игра на високо ниво и се наметна како еден од лидерите на Ливерпул во средниот ред.