Ливерпул не верува во Нуњез, скапото засилување гледа кон Саудиска Арабија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Ливерпул сериозно работи на реконструкција на навалната линија, веќе го донесе Уго Екитике, во тек се преговорите со Њукасл за Александер Исак, а јасно е дека „црвените“ се спремни за ново лице во нападот.

Тоа автоматски значи и крај на приказната за Дарвин Нуњез. Уругваецот не ги исполни очекувањата по скапиот трансфер од Бенфика, добиваше шанси и кај Клоп и кај Слот, но минатата сезона му беше сè повеќе ограничена улогата.

Сега следува преселба во Саудиска Арабија. Ал Хилал ги започна преговорите со Ливерпул, со намера да го осигура потписот на Нуњез. Саудискиот гигант веќе се интересираше за него во јануари, но тогаш „црвените“ ја одбија понудата. Сега ситуацијата е поинаква – Ливерпул бара 60 милиони евра и подготвен е да даде зелено светло.

Играчот одамна има усогласени лични услови со Ал Хилал, преселбата на Блискиот Исток за него не е проблем, и се очекува да го официјализира трансферот веднаш по враќањето на тимот од азиската турнеја.

Во Ал Хилал го чека Симоне Инзаги, кој летово го презеде клубот и сака Нуњез да биде новиот лидер на нападот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×