Ливерпул не си дозволи нов кикс, Диаз и Салах го решија Вулверхемптон! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Ливерпул не си дозволија нов кикс во Премиер лигата, откако во средата се сопнаа против Евертон. „Црвените“ овојпат пред својата публика на „Енфилд“ го совладаа Вулверхемптон со 2-1 (2-0).

Резултатот го отвори Луис Диаз со гол за 1-0 во 15. минута од средбата. Веќе до полувремето Ливерпул стекна и двојна предност, бидејќи Мохамед Салах реализира пенал за 2-0.

Во продолжението од мечот Вулверхемптон успеа да намали преку Матеус Куња во 67. минута. Сепак, „волците“ немаа сили за целосен кам-бек против фаворитот.

Ливерпул забележа осумнаесетта премиерлигашка победа сезонава и со 60 бода е убедливо водечки пред Арсенал кој има 53, а потоа следат Нотингем Форест (47) и Манчестер Сити (44).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×