Ливерпул не сака да го продава Александер Арнолд, ризикува да го загуби бесплатно

by 24 фудбал
1 минути читање

Трент Александер Арнолд од први јануари е слободен да преговара со потенцијален нов клуб за следното лето.

Неговиот договор со Ливерпул истекува во јуни, а засега нема најави за продолжување на соработката. Најзаинтересиран за него е Реал Мадрид, кој дури е подготвен и да плати за уште зимава да го доведе на „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак, Ливерпул нема намера да го продаде Арнолд среде сезона, иако може да добие 25 милиони евра, а налето ќе замине бесплатно. Според неколку угледни медиуми „црвените“ веќе одбиле понуда од Реал за трансфер на бекот во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани