Ливерпул не продава, Кутињо бара трансфер: Кој има поголема моќ во модерниот фудбал, клубот или играчот?

by
2 минути читање

Овој викенд
почнува новата сезона од Премиерлигата, а Ливерпул место максимално да биде
фокусиран на дуелот со Ватфорд, влезе во војна со Филипе Кутињо.

Бразилецот е
желба на Барселона, привлечен е од идејата да игра покрај најдобриот играч на
планетата, Лео Меси и сака да се пресели на Камп Ноу.

„Каталонците“
доставија две понуди, но Ливерпул без двоумење ги одби и двата предлога.

Во целата
ситуација утрово се замешаа и сопствениците, кои порачаа дека Филипе Кутињо
нема шанси да замине.

Но нивниот цврст
став само дополнително ја влоши ситуацијата. Играчот сакаше пријателски да се
раздели и цело време молчеше, но по соопштението на ФСГ, тој реши да достави
формално барање за трансфер.

Од таборот на
Ливерпул не потврдија дека играчот побарал да замине, но порачаа дека нивниот
став нема да биде променет.

„Сакаме да ја
појасниме целата ситуација околу нашата позиција на можното барање за трансфер на
Филипе Кутињо. Ние дефинитивно одлучивме дека ниту една понуда нема да биде
прифатена и Филипе Кутињо ќе биде играч на Ливерпул кога ќе заврши трансфер
пазарот
– гласеше последното
известување.

Останува да се
види како ќе заврши целата ситуација, и кој има поголема моќ во модерниот
фудбал, клубот или играчот.

Во најголемиот
број од случаите играчите се тие кои ги добивале ваквите битки, клубовите и
менаџерите на крајот попуштаат бидејќи никој не сака несреќен играч во тимот
кој може да ја наруши атмосферата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани