„Црвените“
прокнижија нови три бода и го задржаа чекорот со Манчестер Сити на врвот на
табелата. Попладнево, на Енфилд, Ливерпул славеше со 4-2 во дуелот со Барнли.
Гостите поведоа
рано преку Вествуд во 6. минута, но домаќините го свртеа резултатот пред крајот
на првиот дел. Фирмино погоди за 1-1 во 19. минута, а Мане донесе предност од
2-1 во 29. минута.
Фирмино се запиша
по втор пат во листата на стрелци по дваесетина минути игра во продолжението, и
кога се мислеше дека се е решено, Гудмундсон погоди во 91. минута за 3-2 и
најави драматична завршница. Сепак, Мане реализираше во 93. минута за да ја
осигура победата.
Јирген Клоп ќе
биде задоволен од триумфот но ќе биде азгрижен од лошата одбрана. На 10
натпревари во 2019, Ливерпул прими 9 погодока, односно еден повеќе во споредба
со 20-те мечеви од првиот дел од оваа сезона во 2018.