Најскапото
зсилување во историјата на Барселона го напушта Камп Ноу по 18 месеци. Филипе Кутињо ќе
го носи дресот на Баерн и сезоната ќе ја помине на позајмица во Минхен.
„Каталонците“ за
позајмицата ќе инкасираат 8,5 милиони евра, но економската позитива од зделката
ќе биде далеку поголема односно над 50 милиони евра.
Како прво, Барса
нема да му плати на Ливерпул додатни 20 милиони евра. Овој бонус се активира
кога Филипе Кутињо ќе одигра 100 меча во дресот на „каталонците“. Тој до сега
има 75 настапи, и иако продолжеше на Камп Ноу сигурно ќе ја активираше оваа
клаузула. Нејасно е што ќе се случи за бонусот од 5 милиони евра во случај на
триумф во Лигата на шампионите, и дали тој ќе се активира доколку избраниците
на Валверде слават во најелитното европско натпреварување без Бразилецот во
тимот.
Како второ, ќе
биде тргната неговата плата од сметките, Баерн превзеде обврска во целост да ги
подмири примањата на играчот. Се верува дека тој оваа сезона треба да има нето
плата од 12 милиони евра, што е всушност бруто износ за Барса од околу 23
милиони евра. Па кога ќе се соберат сите овие суми, се стига до бројката од над 50 милиони евра,
Од зделката
најголем губитник е Ливерпул, кој ќе остане покус за 20 или 25 милиони евра.
„Црвените“ до сега инкасираа 120 милиони евра како фиксна сума, и уште 15
милиони евра во бонуси.