Ливерпул на слатки маки, ПСЖ испраќа понуда што тешко се одбива

by
1 минути читање

Според
информациите кои ги пренесува „Ле10Спорт“, се вели дека екипата на Париз Сент
Жермен подготвува понуда околу 78 милиони евра за да го ангажира
25 годишниот Бразилец Филипе Кутињо.

Првиот човек на
тимот од Париз, Насер Ал Келаифи и спортскиот директор на клубот, Антеро
Енрике, веќе изразиле јасни намери во обидот да го доведат Бразилецот во ПСЖ
ова лето, кој, барем како што пренесуваат медиумите во Франција, е голема цел
за ПСЖ.

Ливерпул долго
настојуваше да го одвлече вниманието од интересот на Барселона, Јувентус и
Баерн Минхен околу Кутињо, правејќи максимални напори за да го задржи во своите
редови, потенцирајќи дека тој не е на продажба, посебно ова го потенцираше
германскиот стратег Јирген Клоп, кој во Кутињо гледа важна алка во тимот кој
следната сезона ќе настапува во Лигата на Шампионите.

Нема никакви
дилеми дека Ливерпул има одлична позиција во овој случај, од причина што Кутињо
има важечки договор со клубот кој го обврзува на верност до 2022. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани