73
Според
информациите кои пристигнуваат од Островот, се вели дека Ливерпул е се поблиску
до реализација на трансферот на Томас Лемар, откако 21 годишниот фудбалер од
средниот ред на Монако, се најавува дека утре треба да ги мине медицинските
прегледи.
Очекувањата се
Ливерпул да го сруши клупскиот рекорд со најновото засилување, премиерлигашот
на францускиот првак му понуди 80 милиони евра за Лемар, а додатно во пакет во
понудата го стави и Дивок Ориги за позајмен фудбалер.
Шпанска „Марка“
пак тврди дека Ливерпул испратил медицински тим во Монако за да се погрижи за
тестовите на младиот Французин.