Ливерпул може да изненади со изборот на нов напаѓач

by bojan
1 минути читање
Матета

„Црвените“ оствариле контакт со Жан Филип Матета и опипале терен за ангажман на напаѓачот на Кристал Палас.

Ливерпул ова лето сака да донесе нов напаѓач и клубот од Енфилд изминатиов период се поврзуваше со неколку имиња.

Се шпекулираше за рекорден трансфер на Александер Исак од Њукасл вреден околу 150 милиони евра, или пак со ангажман на Уго Екитики од Ајнтрахт Франкфурт во зделка вредна околу 100 милиони евра.

Но последните информации говорат за изненадувачки трансфер – „црвените“ стапиле во контакт со Жан Филип Матета и опипале терен за ангажман на голгетерот на Кристал палас.

Французинот имаше солидна сезона со 14 погодоци во Премиерлигата, па го привлече вниманието на неколку клубови како Манчестер јунајтед и Милан.

Но и тој нема да биде евтин, се верува дека се потребни 50-60 милиони евра за Кристал Палас да даде зелено светло за продажба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×