Германецот со
турско потекло за момент се најде на листата на желби за ова лето, но неговата
порака на социјалните мрежи се чини дека ги решава сите дилеми во однос на
шпекулациите поврзани со него.
Јувентус подолг
период е во потрага по засилување во средниот ред, една од опциите беше
фудбалерот на Ливерпул, Емре Чан.
Сепак, се чини
дека Чан со пораката која ја упати на социјалните мрежи, јасно стави дознаење
дека нема намера да си замине од тимот од „Енфил Роуд“.
„Еден ден пред
стартот на Премиерлигата и мечот против Ватфорд, не можам да дочекам да почне
оваа сезона“ напиша Чан.
Ливерпул е во
проблеми по ситуацијата со еден од предводниците на тимот, Кутињо кој неколку
часа откако раководството со соопштение ја извести јавноста дека нема намера да
го продава, тој наводно побарал да биде ставен на трансфер листата.
Тимот на Клоп
утре гостува кај Ватфорт во првото коло од Премиерлигата а овој меч стартува во
терминот од 13,30 часот.