Ливерпул минимално против Норич за нов рекорд, никој како „црвените“ во топ 5 првенствата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на
Клоп продолжуваат да редат победи, вечерва со 0-1 го совладаа Норич. Голот
вреден три бода падна во завршницата, Мане доби една долга топка, одлично се снајде
и биеше прецизно во долниот агол.

Со овој триумф,
Ливерпул сега го има најдобриот скор по 26 кола во топ 5 првенствата во Европа.
Претходниот рекорд беше на Баерн Минхен, кој предводен од Пеп Гвардиола во сезоната
2013/14 имаше скор од 24 победи, 2 нерешени меча и без пораз. „Црвените„ сега
имаат 25 победи, едно реми и нула порази.

Со трите бода од Кероу
Роуд, Ливерпул има позитива од 25 на врвот на табелата и му фалат пет победи за
и математички да ја осигураат титулата во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×