Ливерпул има неверојатни 25 бодови предност на првото место и потребни му се уште две победи за и официјално да биде крунисан за нов шампион. Дури и сезоната во Премиерлигата да не продолжи, се очекува трофејот да им биде доделен.
Извршниот директор на Премиерлигата, Ричард Мастерс потврди дека тие ќе го подржат планот за презентација на трофејот доколку ситуацијата го дозволи тоа.
„Доколку е можно ќе поддржиме презентација на трофејот. На овие фудбалери и целиот стручен штаб би сакале да им бо дадеме моментот за кој работеа толку напорно да се случи. Ќе се обидеме да обезбедиме презентација ако е возможно“, изјави Ричард Мастерс.
Ако се довозволи презентација на трофејот, таа сигурно ќе содржи и посебни мерки. Тешко е за верување дека властите ќе дозволат собир на огромни маси на луѓе на едно место.