Ливерпул, Јунајтед и Челси подготвија 100 милиони но од Дортмунд им порачуваат: Пари не ни требаат, сакаме титули

by
1 минути читање

Џејдон Санчо
прикажува одлични партии во дресот на „милионерите“, го привлече вниманието на
сите гиганти ширум Европа но се верува дека клубовите од Премиерлигата се
најсериозни кандидати за неговите услуги.

Ливерпул,
Манчестер јунајтед и Челси внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени да
платат преку 100 милиони фунти за Англичанецот.

Сепак, од таборот
на Борусија Дортмунд не сакаат да слушнат за трансфер, велат дека имаат доволно
пари, целта е да се освојуваат титули и со напаѓачот имаат поголеми шанси за
успех.

„Санчо знеа дека клубот
има добра иднина и мислам дека не сака да замине. Имаме одличен однос со неговите
агенти и ќе разговараме за неговата иднина. Но не се работи за пари. За нас, најдобра
опција е тој да остане во Борусија Дортмунд. Имаме доволно пари, сакаме повеќе
титули. Со Џејдон во тимот имаме многу поголем потенцијал и шанса за успех“
– вели генералниот
извршен директор Ханс Јоаким Вацке во разговор со БиБиСи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×