75
„Црвените“
очигледно ќе мораат да се помируваат со заминување на еден од своите најдобри
играчи.
Филипе Кутињо
достави формално барање за трансфер и иако во прв момент од таборот на Ливерпул
посочија дека тоа нема да го промени нивниот став, клубот од Енфилд е подготвен
да се раздели со играчот.
Според пишувањата
на Дејли Рекорд, Ливерпул ќе го продаде Филипе Кутињо на Барселона за 150
милиони евра.
„Каталонците“
веќе имаа два неуспешни обиди и се најавуваше трета понуда од 120 милиони евра,
која сепак е далеку од она што го бара Ливерпул.
Но и ова се гледа
како прогрес со оглед на тоа дека „Црвените“ претходно одбиваа да постават
конкретна бројка.