Ливерпул ја одреди цената на Конате, Реал подготвен да плати само половина од тоа

by bojan
1 минути читање
Конате одбива да потпише нов договор и мисли само на преселба во Реал Мадрид

Ливерпул поставил цена од 50 милиони евра за продажба на Ибрахима Конте ова лето, но Реал Мадрид е подготвен да плати само 20-25 милиони евра за ангажман на дефанзивецот.

Ливерпул и Ибрахима Конте подолго време водат преговори за продолжување на соработката, но двете страни никако да пронајдат заеднички јазик.

Реал Мадрид пројавува интерес за услугите на дефанзивецот, па тоа дополнително ги комплицира работите за „црвените“.

Последните информации велат дека клубот од Енфилд поставил цена од 50 милиони евра за продажба на Французинот ова лето.

Но Реал Мадрид во моментов е подготвен да плати двојно помалку, односно помеѓу 20 и 25 милиони евра.

Се верува дека Ибрахима Конате сака само преселба на „Бернабеу“ и не разгледува други понуди, па Реал Мадрид е подготвен да чека една година и потоа во 2026 да го донесе беспари, доколку Ливерпул не изрази желба за компромис во следните месеци.

ФОТО: X/Liverpool FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×