Шаќири се врати
од повредата и бележеше краток престој на теренот во победата на Ливерпул на
дерби пресметката со Тотнем во саботата, а тоа за него беше само десетти настап
сезонава за „Редсите“, по серијата повреди кои ги наследи 28 годишниот
Швајцарец.
Дека ќе има
дополнителни проблеми за минутажа, доволно говори и ангажманот на Такуми
Минамино, а уште од ланската сезона постоеа одредени шпекулации дека Шаќири би
можел да си замине од „Енфилд“, се наведуваа Монако, како и кинеската Суперлига
како негова идна дестинација.
Како и да е,
шефот на стручниот штаб на европскиот првак, Јирген Клоп постојано посочуваше
дека Шаќири е важен дел од составот на Ливерпул, а сега, според неофицијалните
информации Премиерлигашот одбил понуда од Рома.
Според Фабрицио
Романо, понудата на Рома била за позајмица, а од Ливерпул имало конкретен
одговор во тоа дека не постојат никакви шанси Швајцарецот да си замине во
јануарскиот преоден рок.