Избраниците на
Јирген Клоп прикажаа уште едни импресивни перформанси, попладнево настрада
Брајтон. Ливерпул од гостувањето
на Амекс Стадионот си замина со убедлива победа од 1-5.
Резултатот беше
отворен по половина час игра, Џан скокна највиско по еден корнер од десната
страна и донесе водство од 0-1. Само 60 секунди подоцна, предноста беше
дуплирана. Салах отвори брза контра, а Кутињо му асистираше на Фирмино за 0-2.
На стартот од
вториот дел, Брајтон пропушти шанса да се врати во игра, Мињоле одбрани зицер
од пет метри, и додека траеше неверицата кај домаќините, гостите со неколку
добри проигрувања се најдоа пред противничкиот шеснаесетник и Фирмино зголеми
на 0-3.
Три минути
подоцна Брајтон сепак успеа да постигне гол, Мареј реализираше пенал за 1-3, но
тоа беше се што направи новајлијата во Премиерлигата. До крајот на средбата Кутињо
итро биеше под живиот ѕид за 1-4, а Данк со автогол во 89. минута стави точка
на натпреварот.
Тотенхем ја
продолжи лошата серија и денеска одново ремизираше, овој пат одигра 1-1 кај
Ватфорд.
Кабаселе во 13.
минута ги донесе домаќините во предност, а Сон во 25. минута изедначи. Давидсон
Санчез на стартот од вториот дел доби директен црвен, па „Спарси“ спасуваа бод
до крајот на средбата.
На останатите
средби од 16 часот, Евертон со 2-0 славеше над Хадерсфилд, Лестер со 1-0 го
совлада Барнли а Стоук со 2-1 триумфираше над Свонси. На средбата помеѓу ВБА и
Кристал Палас немаше голови.