Ливерпул излезе со најмладиот состав во својата историја, Вила пет пати ја затресе мрежата на „црвените“ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Првиот тим на
Ливерпул е во Катар каде утре ќе игра полуфинале на Клупското светско
првенство, па вечерва против Астон Вила, „црвените“ на терен излегоа со деца.
Стартниот тим во просек имаше 19 години и 182 дена, што е најмладиот состав кој
настапил на еден официјален натпревар во историјата на Ливерпул.

Па домаќините
немаа тешка задача, ја добија пресметката со убедливи 5-0 и се пласираа во полуфиналето.

Се беше решено уште
во првото полувреме, Хурихејн го отвори резултатот а само три минути подоцна
Бојс си постигна автогол за 2-0. Потоа следуваа два гола на Коџиа за убедлива
предност.

Точка на
натпреварот стави Весли во втората минута од судиското надоплнување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×