Ливерпул испушти два гола предност против Шрусбери па наместо на одмор, ќе игра реванш во ФА Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ливерпул на почетокот од февруари наместо да оди на одмор ќе игра реванш во ФА Купот. Премиерлигата од оваа сезона обезбеди мал одмор со тоа што едно коло го распореди преку два викенда, па „црвените“ имаа две недели пауза од дуелот со Саутемптон на 1. февруари и пресметката со Норич на 15. февруари.

Но плановите на Клоп се пореметени откако вечерва неговите избраници испуштија два гола негатива на гостувањето кај Шрусбери. Кртис Џонс донесе предност од 0-1 во 15. минута, а на стартот од вториот дел, Доланд Лав си постигна автогол за 0-2.

Шрусбери сепак не се предаде и со храбра игра го изненади фаворитот. Камингс од пенал во 65. минута ги врати домаќините во игра, а истиот играч десет минути подоцна реализираше за 2-2 и реванш на Енфилд, кој најверојатно ќе се игра на 5. февруари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×