Приоритетот на Ливерпул оваа сезона е да ја освои Премиерлигата бидејќи се наоѓа во идеална позиција за да го направи тоа, па Јирген Клоп денешниот меч од ФА Купот против Волвс го почна со играчи кои добиваат помала шанса.
Тоа го искористи Волвс и во 38. минута поведе со гол на Хименез, со тој резултат се замина и на полувремето.
По шест минути игра во вториот дел Ориги го изедначи резултатот, во тој момент се чинеше дека Ливерпул ќе избегне неуспех.
Но само четири минути подоцна Волвс се враќа во водство, Невес постигнува прекрасен гол од далечина за предност од 2-1.
Од 70. минута Клоп во игра ги внесе Салах и Фирмино, но ниту тие не успеаа да го свртат мечот, Ливерпул изгуби со 2-1 и доживеа елиминација од ФА Купот.