Ливерпул има предност од 15 бода, но Рајс уште верува дека Арсенал може да ја освои титулата!

by riste
1 минути читање

За многумина трката за титулата во Премиерлигата е завршена, се чини дека Ливерпул не може да загуби доволен број на бодови, за да има промена на врвот.

Црвените имаат 70 бодови, Арсенал има 55 и натпревар помалку. До крајот на сезоната Ливерпул има уште девет натпревари, топчиите уште десет.

„Ќе дадеме се од себе до крајот од сезоната. Ливерпул игра неверојатно. Но, уште не е готово. Треба да продолжиме да притискаме, ние сме Арсенал. Има уште многу да се игра“, вели Деклан Рајс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани