Ливерпул има осум алтернативни решенија во случај Кутињо да замине од клубот во јануари

by
1 минути читање

Деновиве повторно се реактивираа шпекулациите за можен
трансфер на Кутињо во Барселона, тоа не се случи изминатото лето, а додатно,
атмосферата ја загреа генералниот директор на Каталонците, кој порача дека има средства во буџетот на клубот за таков трансфер во јануари.

Според информациите кои ги пренесуваат дел од медиумите
на Островот, Ливерпул има седум алтернативни решенија во случај да остане без
еден од своите најдобри поединци во тимот.

Се шпекулира дека премиерлигашот има осум опции, а тие се Жоакин Кореа од Севилја, потоа Емил Форсберг од
Лајпциг, Ријад Марез од Лестер, Леон Горецка од Шалке 04, Томас Лемар од
Монако, Чарли Мусонда од Челси, Хулиен Дрекслер од ПСЖ, како и Лоренцо Инсиње
од Наполи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани