Ливерпул има лоши резултати на пријателските, но Клоп смирува: Кога ќе почне сезоната ќе го видите другото лице

by
1 минути читање

Но факт е дека на тимот му недостасуваат неколку клучни играчи кои добија продолжен одмор поради настапот за репрезентациите. Клоп не смета на Мохамед Салах, Садио Мане, Роберто Фирмино, Алисон Бекер, Набу Кеита и Џердан Шакири.

Следната недела Ливерпул игра против Манчестер Сити во Комјунити Шилд дуелот, а на 9 август го игра првото коло во Премиерлигата против Норич.

„Ни недостасуваат шест играчи и тоа е чудно. За време на време во текот на подготовките губите некои играчи поради повреди, но оваа година тие не ги ни почнале подготовките, доаѓаат неколку дена пред стартот на сезоната, тоа не е добро“, се пожали Клоп.

„Но тоа е што е, ние сакаме секој да го подготвиме најдобро што можеме. Од стартот на сезоната мора максимално да се бориме со се што имаме, и доколку противникот прави анализа ќе помисли дека ќе има лесна работа со нас, но ние ќе бидеме поинакво животно следната недела“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани