Трент Александер Арнолд одбива јавноста да биде запознаена за статусот на неговите преговори со Ливерпул за нов договор.
Трент Александер Арнолд ги одработува последните месеци од договорот со Ливерпул, нема абер за нова соработка и често се говори за трансфер во Реал Мадрид, каде игра неговиот добар пријател Џуд Белингем.
Англичанецот овој викенд седна на интервју со Скај Спортс и едно од прашањата беше за неговата иднина.
Сепак, слично како и во минатото, популарниот ТАА одбива јавноста да биде запознаена за статусот и текот на преговорите.
„Веќе 20 години сум дел од Ливерпул и имам потпишано четири или пет нови договори. За ниту еден од нив јавноста не беше запознаена што се случува зад сцената, па нема да биде поразлично и сега“ – беша пораката која ја испрати десниот бек.