Ливерпул и Спортинг одиграа реми, Бруно Фернандеш даде гол од преку 30 метри (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Резултатот беше отворен уште во четвртата минута кога главната ѕвезда на Спортинг, Бруно Фернандеш биеше од голема далечина, Мињоле киксираше и топката заврши зад неговиот грб.

Резултатот беше изедначен во 20. минута кога Ориги се најде на вистинското место и искористи една одбиена топка. Пред крајот на првото полувреме Вајналдум реализираше за комплетен пресврт и водство на Ливерпул од 2-1.

По само осум минути игра во второто полувреме Вендел го изедначи резултатот на 2-2, што беше и конечен исход.

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски остана во Лисабон каде се рехабилитира од последната повреда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×