75
Во дербито на 9. коло, на Вембли, Тотенхем го пречека Ливерпул. Гостите катастрофално го започнаа натпреварот, особено Ловрен.
Дефанзивецот на Ливерпул најпрво киксираше во 4. минута за Кејн да го донесе Тотенхем во водство од 1-0.
Хрватот потоа одново лошо процени една топка во 12. минута, а Кејн да му асистираше на Сон за 2-0.
Салах ги врати во игра гостите во 24. минута, но одново слабата игра во одбраната се покажа како кобна. Матип лошо расчисти една топка длабоко во судиското надополнување на првиот дел, останатите играчи беа статични, па Али стрелаше прецизно за 3-1.
На стартот од вториот дел, грешка направи и голманот Мињоле, а Кејн уште еднаш го искористи подарокот и погоди за 4-1.