Новинарот Флоријан Плетенберг вели дека Ливерпул и Баерн Минхен притискаат за ангажман на Марк Геи од Кристал Палас, но дефанзивецот приоритет дава на преселба во Реал Мадрид.
Марк Геи во последниот ден од летниот преоден рок беше пред трансфер во Ливерпул, но зделката пропадна во последен миг и тој се врати во Лондон.
Со оглед на тоа дека дефанзивецот ги одработува последните 12 месеци од договорат, прашање на време е кога тој ќе замине, и во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.
Новинарот Флоријан Плетенберг вели дека Ливерпул продолжува силно да притиска за ангажман на Марк Геи, а сериозен во своите намери е и Баерн Минхен.
Но во моментов дефанзивецот приоритет дава на Реал Мадрид и чека понуда од најпрестижниот клуб во светот.