Ливерпул ги освои планираните три бода од гостувањето кај Саутемптон, но имаше паничен финиш на натпреварот.
Резултатот го отвори Мане пред самиот крај на првото полувреме постигнувајќи прекрасен погодок.
Во 71. минута Мане искористи една грешка на одбраната на Саутемптон, асистираше до Фирмино кој зголеми на 2-0.
Ливерпул ја имаше контролата на мечот, но во 83. минута Адриан направи несфатлива грешка по која Ингс намали на 2-1.
Саутемптон правеше притисок до крајот на мечот, но Ливерпул успеа да се одбрани и да дојде до победата.
Во другите денешни мечеви од 16 часот, Евертон со 1-0 го победи Ватфорд, Норич со 3-1 славеше над Њукасл, Борнмут дојде до гостински триумф од 2-1 кај Астон Вила, мечот меѓу Брајтон и Вест Хем заврши нерешено 1-1.