703
Ливерпул дојде до планираните три бода од натпреварот против Фулам иако во финишот стравуваше дека нема да ја оствари победата.
Црвените дојдоа во водство со гол на Мане во 26. минута по асистенција од Фирмино.
Во 74. минута Ван Дајк лошо му ја врати топката на Алисон, Рајан Бабел го искористи тоа и го изедначи резултатот на 1-1.
Шест минути подоцна голманот Рико го фаулираше Мане, судијата покажа на белата точка за Ливерпул, Милнер даде гол за ново водство и победа од 2-1.
Ливерпул сега има два бода повеќе од Манчестер Сити, но тимот на Пеп Гвардиола има натпревар помалку.