194
Ливерпул денеска дојде до 22. победа по ред во Премиерлигата остварена на домашен терен, со тоа стана тимот со најдолга победничка серија на свое тло во најдобрата англиска лига.
Мечот одлично почна за Борнмут, гостите поведоа со гол на Вилсон уште во деветата минута. Погодокот беше контроверзен, според многумина требаше да биде досуден фаул за Ливерпул при воведниот дел од акцијата на противникот. Но тоа не се случи.
Во 25. минута Салах изедначи на 1-1, а осум минути подоцна Мане погоди за комплетен пресврт и победа од 2-1.
Оваа победа добро му дојде на Ливерпул бидејќи во претходните четири меча во сите натпреварувања имаа дури три порази.